Субвенциите ги поделија пелагониските земјоделци

Bez autora
Jan 13 2014

Субвенциите предизвикаа различни реакции кај земјоделците од Пелагонија. Додека едни се радуваат на парите, други бараат одговор од надлежните зошто и по три години не зеле ниту денар од ветените владини субвенции. Во исто време, подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски, потврдува дека годишно пелагониските земјоделци делат околу 20 милиони евра за субвенции. Најголем дел од овие пари ги земаат за земјоделски површини и тутунарите. „Пелагонија произведува три илјади тони тутун, а секој килограм се субвенционира со по едно евро“, вели тој. Викендов на трибини „Отворени денови“ во повеќе битолски села земјоделците се пожалија на неисплатените субвенции, на узурпација од трети лица на земјиштето кое тие го имаат земено под закуп од државата и неисплатени пари од откупувачите за нивните земјоделски производи.

Субвенциите ги поделија пелагониските земјоделциСубвенциите предизвикаа различни реакции кај земјоделците од Пелагонија. Додека едни се радуваат на парите, други бараат одговор од надлежните зошто и по три години не зеле ниту денар од ветените владини субвенции.

Во исто време, подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски, потврдува дека годишно пелагониските земјоделци делат околу 20 милиони евра за субвенции. Најголем дел од овие пари ги земаат за земјоделски површини и тутунарите. „Пелагонија произведува три илјади тони тутун, а секој килограм се субвенционира со по едно евро“, вели тој.

Викендов на трибини „Отворени денови“ во повеќе битолски села земјоделците се пожалија на неисплатените субвенции, на узурпација од трети лица на земјиштето кое тие го имаат земено под закуп од државата и неисплатени пари од откупувачите за нивните земјоделски производи.

„Со субвенциите имаме многу проблеми. Мене не ми се платени пари за три месеци од 2011, 2012 и од 2013 година. Не сум добил ни денар, иако пашарината е платена, сите други обврски се платени, но не знам за што станува збор. Без субвенции сме за никаде“, се пожали Селим Манушевски од село Кишава.

„Паричната поддршка за 2012 година се' уште не сме ја добиле. Решение за исплата имаме, но парите не се префрлени“, изјави Јосиф Стевовски, земјоделец од Кравари.

„Не сум зел субвенции, не знам каде е проблемот, затоа што се' ми е платено. Секој ден проверувам, но нема ништо“, рече Меџаид Манушевски.

Други, пак, се пофалија дека се задоволни.

„Земам субвенции за житни и за фуражни култури. Исплатени ми се во целост. Задоволен сум“, рече Пеце Симјановски, земјоделец од Кравари.

Наспроти ваквите состојби, надлежните тврдат дека пари за 2012 година немаат земено само земјоделците кои не ги намириле законските обврските за наводнување, одводнување, закуп на земјоделско земјиште и пасишта и други обврски кон државата. Така, во Пелагонискиот регион поради тие проблеми над 500 земјоделци не добиле парична помош, велат од Подрачната единица за земјоделство во Битола.

„Доколку има проблеми со самата апликација, ако некој не ги намирил обврските за воден надомест, за пасишта или за водна заедница кои мора да се платат. Тоа убаво го пишува во законот. Такви случаи има, не велам не, ги има меѓу 500 и 1.000“, рече Србиновски, наведувајќи дека Владата предложила да се почекаат земјоделците кои не ги платиле обврските до јули 2013 година, да можат и тие сега да земат субвенции.

Панче Арсов, раководител на Секторот за контрола на терен од Платежната агенција, најави дека субвенциите ќе бидат исплатени во најскоро време на оние земјоделци за кои Владата направила отстапки да си ги намират долговите. Во тек е и исплатата за млекото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik